Беласица утре гостува во Велес кај Борец

Екипата на Беласица утре ќе гостува во Велес каде ќе се соочи со Борец во меч од 21. коло од Првата македонска фудбалска лига.

Неизвесен натпревар кој треба да понуди голема и аткративна борба за трите бодови. Велешани ќе атакуваат на победа со цел да направат чекор напред во сигурниот опстанок, додека Беласица има една цел – победа, три бодови и опстанок во елитата.

Во однос на табелата пред стартот на дуелот кој е закажан од 14:00 часот, Борец е на делба на шесттата позиција со 26 освоени бодови, додека Беласица е на последното место со 12 бодови.

Правдата на мечот ќе ја дели Влахо Константин, а ќе му помагаат Ицковски Филип и Видиниќ Дарко.

Comments are closed.