Академија Пандев утре на домашен терен ја чека Македонија ЃП

Академија Пандев утре ќе биде домаќин на Македонија Ѓорче Петров на СЦ „Пандев“ во Струмица со почеток од 14:00 часот, во меч од 21. коло од Првата македонска фудбалска лига.

Двете екипи влегуваат во борба за победа и три бодови. „Пандевци“ ќе атакуваат на цел плен затоа што водат борба за сигурен опстанок во елитата, а домашниот терен е мотив плус. „Лавовите“ го губат чекорот за шампионска титула, откако лидерот Шкендија има десет бода предност пред нив, па во Струмица доаѓаат по три бодови со цел да го сочуваат местото кое носи излез во Европа, бидејќи Струга Трим Лум „дише во врат“.

Шкупи – Академија Пандев

Токму тоа и го прави натпреварот во Струмица да биде вистиски дуел со голема борба и неизвеност до самиот крај.

Качевски Јован од Струга ќе ја дели правдата на мечот, а ќе му помагаат Мацевски Ацо и Дрнковски Николче.

Comments are closed.