Џио Струмица со нова победа над Универзитет во Тетово

Одбојкарите на Џио Струмица славеа во дербито на 14. коло од Првата одбојкарска илига, откако во Тетово со 2:3 во сетови беа подобри од домаќинот Универзитет во Тетово.

Џио Струмица ја запиша максималнта 14-та победа на ист број одиграни натпревари, но за прв пат во сезоната не ги освоија максималните три бодови. Првиот сет заврши со 19:25 за гостите од Струмица, а вториот со 22:25 повторно за струмичани. Во третиот сет домаќиноте со 25:20 беше подобар, како и во четвртиот со 25:18. Во петтиот сет Џио со 10:15 беше подобар и запиша нова победа.

Џио Струмица е лидер на табелата со 42 бодови, дури 12 повеќе од второпласираниот Универзитет во Тетово и третопласираниот Вардар.

Comments are closed.