ЖФК Тиверија со убедлива победа го доби дербито со ЖФК Скопје

Женскиот фудбалски клуб Тиверија Струмица со убедлива победа од 3:0 го доби големото дерби со ЖФК Скопје, во натпревар од 16. коло од Првата женска фудбалска лига.

ЖФК Тиверија победата ја најави со рано водство, откако во 10. минута Николовска Теодора ја погоди противничката мрежа, а пет минути подоцна Ѓорѓиева Слаѓана зголеми на 2:0. Одличната игра и доминацијата на теренот во Струмица продолжи и веќе во 38. минута ЖФК Тиверија имаше високо водство од 3:0 со гол на Панеска Билјана.

Во вториот дел мрежите мируваа и останаа оние 3:0 од првиот дел.

Во однос на таблеата ЖФК Тиверија е на второто место на табелата со 38 бодови и има негатива од 4 бодови во однос на лидерот и актуелен шампион ЖФК Каменица Саса. По убедливот пораз ЖФК Скопје е на делба на четвртото место со 34 бодови и го губи чекорот за врвот и шампионска титула.

Во следното коло ЖФК Тиверија ќе гостува во Велес кај екипата на ЖФК Борец.

Comments are closed.