Струга Трим Лум со полн плен се враќа од Струмица, Беласица немаше сили за изненадување

Струга Трим Лум со три бодови се враќа од гостувањето во Струмица, каде со 1:2 беше подобра од домаќинот Беласица, во натпревар од 20. коло од Првата македонска фудбалска лига.

Резултатот беше отворен во 26. минута со гол на Алтипармаковски Марјан и на полувреме се замина со 0:1. Во вториот дел Струга зголеми на 0:2, откако во 60. минута беше досуден пенал, а успешно реализираше Лена Нијас. Беласица се обидуваше брзо да се врати во игра, но не успеваше, па од пенал во 83. минута намали на 1:2, откако Каланоски Антонио успешно го реализираше истиот. До крајот на натпреварот мрежите мируваа, а трите бодови заминаа во Струга.

Беласица останува „забетонирана“ на последното место на табелата со 12 бодови, додека Струга Трим Лум останува на петтото место со 32 бодови, три помалку од третопласираните „лавови“.

Во следното коло Беласица ќе гостува во Велес кај Борец, додека Струга Трим Лум го чека Пелистер.

Comments are closed.