Македонија Макс со убедлива победа над Бами Кор

Одбојкарките на Македонија Макс запишаа убедлива победа над Бами Кор во Тетово, откако со 0:3 во сетови беа далеку подобри, во меч од 6. коло од Вторафата фаза-2 од Првата одбојкарска женска лига.

Првиот сет заврши со 16:25 за струмичките одбојкарки, додека вториот и третиот сет со идентичен резултат од 15:25.

Македонија Макс сега е на четвртото место на табелата со 13 освоени бодови, додека Бами Кор останува на последното место со само еден освоен бод.

Comments are closed.