Струмица Жени го доби дербито со Работнички

Одбојкарките на Струмица Жени го добија дербито со Работнички со 3:1 во сетови, во рамки на 6. коло од Втората фаза-1 од Првата женска одбојкарска лига.

Првиот сет беше доста изедначен и заврши со 26:24 за струмичките одбојкарки, додека во вториот гостите од Скопје одиграа подобро и сетот го добија со 22:25. Во третиот сет Струмица Жени беше подобар противник и сетот го доби со 25:19, додека четвртиот сет заврши со 25:15 за струмичанки и голема победа во дербито со Работнички.

Струмица Жени сега е на третото место на табелата со 25 бодови, додека Работнички со ист број на бодови е место подолу на табелата.

Comments are closed.