Наковски Волеј загуби од Јанта Волеј Кисела Вода

Одбојкарките на струмички Наковски Волеј го загубија вчерашниот дуел од Јанта Волеј Кисела Вода со 0:3 во сетови на домашниот терен во Струмица.

Првиот сет заврши тесно со 21:25, додека во втроиот сет гостите од Скопје беа подобри и сетот го добија со 16:25. Третиот сет струмичките одбојкарки го загубија со 18:25.

Во однос на табелата Наковски Волеј останува на петото место на табелата со 16 освоени бодови, додека Јанта Волеј Кисела Вода со 31 бод е на второто место на табелата, два помалку од лидерот Вардар Жени.

Comments are closed.