КК Струмица со голема победа над КК Куманово 2

Кошаркарите на Струмица иако ослабени без петорица (Макенаџиев, Мелов, М.Наумоски, А.Наумоски и Стојановски) запишаа голема победа над екипата на Куманово 2 со 80:69.

Прашањето на победникот не беше доведено во ниту еден момент од натпреварот, уште во првата четвртина Струмица одигра добро пред се во одбраната (25:08), а со тоа струмичките кошаркари дадоа до знаење дека бодовите остануваат во Струмица.

АРХИВА: КК Феникс – КК Струмица

Најефикасни на натпреварот беа Абрашев со 19 поени, Димитриев со 14 поени, Ѓорѓиев со 13 поени и Шајкаров со 12 поени. Меѓутоа вреди да се истакне уште еден одличен натпревар на младиот 15-годишен Димитар Зетов кој после одличната игра во Македонска Каменица каде постигна 14 поени во тесниот пораз од Баскет Кам (69:72) и вчера одигра уште еден одличен натпревар каде постигна 9 поени и ја оправда довербата која ја добива.

Comments are closed.