Џио Струмица прогласена за најдобра екипа

На денешното доделување на наградите за најуспешни спортисти во 2020-та година од Општина Струмица повторно за најдобра екипа беше прогласена ЏИО Струмица.

За најдобар спортист одличјето го доби нашиот играч Владо Милев.

За најдобар тренер наградата ја доби нашиот тренер Кирил Ричлиев.

Во категоријата најдобра млада спортска екипа младинци на Џио Струмица добија трета награда.

„Благодарност до Сојузот на училишен спорт при Општина Струмица, Општина Струмица, Градоначалникот Коста Јаневски и советот на Општина Струмица предводена од Претседателот Марјан Даскаловски за доделените награди и континуираната поддршка низ годините. Честитки до сите останати спортисти и спортски работници кои добија награди вечерва“, велат од Џио Струмица.


Comments are closed.