Дерби пресметка меѓу ЖФК Тиверија и ЖФК Скопје

Викендот со натпреварите од 16. коло започнува пролетната полусезона од Првата женска фудбалска лига.

Во недела се игра дербито на колото во Струмица, каде на теренот со вештачка трева, ЖФК Тиверија ја чека екипата на ЖФК Скопје. Двете екипи се фаворити за шампионската титула, и токму тоа го прави натпреварот да биде дерби на колото.

АРХИВА: ЖФК Тиверија – ЖФК Шкендија

Дуелот во Струмица ќе го суди Пројковска Ивана, а ќе и помагаат Илиевска Снежана и Цветановиќ Тамара.

Натпреварот ќе започне во 14:00 часот и ќе биде одигра без присуство на публика, согласно мерките и препораките за заштита од Ковид-19.

Пред стартот на пролетната полусезона лидер во Првата женска фудбалска лига е ЖФК Каменица Саса со 39 бодови, четири помалку има ЖФК Тиверија, додека на делба на третото место се екипите на ЖФК Деспина од Прилеп, ЖФК Скопје и ЖФК Ас Јунајтед од Струга со по 34 освоени бодови. Овие екипи ќе ја водат борбата за шампионската титула.

Comments are closed.