Астраион со убедлива победа против Македонија ЃП обезбеди четвртфинале од ракометниот Куп

Ракометарите на струмички Астраион без многу проблеми обезбедија четврфинале од ракометниот Куп, откако во Струмица со убедливи 31:19 беа далеку подобри од прволигашот Македонија Ѓорче Петров.

Убедливата победа беше најавена уште на полувреме кога резултатот беше 14:6 за струмичани, а во вториот дел доминацијата на Астраион продолжи.

Васе Наков и Славе Јанковски со по седум погодоци беа најдобри во редовите на Астраион, додека кај Македонија Ѓ.П. најдобри беа Златко Златановски и Кристијан Стојановски со по четири погоди.

Доколку сакате да го погледнете натпреварот меѓу Астраион и Македонија ЃП кликнете ОВДЕ.

Comments are closed.