Беласица во недела на „Благој Истатов“ во Струмица ја чека екипата на Струга Трим Лум, во натпревар од 20. коло од Првата македонска фудбалска лига.
Интересен и возбудлив дуел, во кој стружани според формата влегуваат како благи фаворити, но од друга страна, Беласица после победата над Ренова среде Тетов од 2:4 ќе биде дополнително мотивирана за нова победа, нови три бодови, и чекор поблиску до излез од опасната зона.

Првиот и единствен меѓусебен дуел се одигра на 18 октомври минатата година, кога Струга Трим Лум со убедливи 3:0 беше далеку подобра од струмичка Беласица.
Натпреварот ќе стартува во 14:00 часот и ќе биде одигран без присуство на публика, согласно мерките и препораките за заштита од Ковид-19.