Академија Пандев на тешко гостување кај Шкупи

Академија Пандев во недела ќе има тешко гостување во Скопје каде ќе се соочи со амбициозниот Шкупи, во меч од 20. коло од Првата македонска фудбалска лига.

Минатото коло Академија Пандев одигра натпревар во снежни и отежнати услови на СЦ „Пандев“ каде загуби со минимални 0:1 од Работнички, додека сите останати натпревари кои што требаше да се одиграт следниот ден беа одложени. „Слободниот“ викенд „пандевци“ го искористија за контролен натпревар со второлигашот Кожуф, каде во Гевгелија одиграа нерешено 1:1.

Натпреварот меѓу Шкупи и Академија Пандев ќе се одигра на Теренот на Фудбалската федерација на Македонија, а трите бодови од овој дуел ќе бидат важни и потребни и за двете екипи. Чаирчани ќе бараат победа со цел да останат во чекор со Шкендија за титулата, додека „пандевци“ за брз излез од опасната зона.

Натпреварот ќе стартува во 14:00 часот и ќе биде одигра без присуство на публика, согласно мерките и препораките за Ковид-19.

Comments are closed.