Качевски главен судија на дуелот меѓу Шкупи и Академија Пандев

Академија Пандев во недела ќе има тешко гостување кај Шкупи во рамки на 20. коло од Првата македонска фудбалска лига.

Качевски Јован од Струга ќе биде главен судија на овој меч кој се игра на Теренот на Фудбалската федерација на Македонија. Помошници на Качевски ќе бидат Мацевски Ацо од Струга и Петковски Мартин од Куманово. За четврт судија делегиран е Тефику Ндерим од Куманово.

Делегат на натпреварот ќе биде Зердески Кочо од Кичево, додека контролот Илиоски Петре од Прилеп.

Мечот ќе стартува во 14:00 часот.

Comments are closed.