Трпчевски ќе ја дели правдата меѓу Беласица и Струга Трим Лум

Беласица во недела ќе биде домаќин на Струга Трум Лум на „Благој Истатов“ во Струмица, во рамки на 20. коло од Првата македонска фудбалска лига.

Фудбалската федерација ги делегираше судиите за дуелот кои се игра со почеток од 14:00 часот.

Трпчевски Стојанче од Кавадарци ќе биде главен судија на мечот, додека негови помошници ќе бидат Трпчевски Драган и Панов Душко исто така од Кавадарци. Четврт судија ќе биде Стојанов Стојанче. За делегат е делегиран Маневски Димче од Велес, додека контролор ќе биде Николовски Зоран од Скопје.

Comments are closed.