КК Струмица во четврток против КК Феникс

Кошаркарите на Струмица во четврток ќе го одиграат заостанатиот натпревар од 10. коло од Втората кошаркарска лига – Исток против екипата на Феникс.

Домаќинот на натпреварот ќе биде фаворит за победа, а ќе го искористи и домашниот терен за да дојде до победа и три нови бодови. Во однос на табелата пред почетокот на овој натпревар, Феникс е на третото место со 18 бодови, додека Струмица е седма со 14 бодови.

АРХИВА

Прв судија на натпреварот кој ќе се одигра во „Н.Н. Борче“ во Скопје ќе биде Милојевиќ А. за втор судија е делегиран Ѓорески А. додека за трет Червенка Ј. Делегат на натпреварот кој ќе стартува во 16:30 часот ќе биде Ников М.

Comments are closed.