КК Струмица загуби од КК Ангели

Кошаркарките на Струмица го загубија дербито со лидерот на табелата во Втората кошаркарска лига – Исток, екипата на Ангели со резултат од 80:63.

Ангели на натпреварот важеше за фаворит за победа, и фаворитската улога ја оправда со сигурна игра на теренот. Во однос на табелата, Ангели е на првото место на табелата со 20 освоени бодови, додека кошаркарите на Струмица се седми на табелата со 14 освоени бодови.

АРХИВА

Следен натпревар за кошаркарките на Струмица ќе биде против екипата на Феникс кој ќе се одигра во „Н.Н. Борче“ во Скопје со почеток од 16:30 часот во четврток.

Comments are closed.