Струмица Жени загуби дома од Јанта Волеј Кисела Вода

Одбојкарките на Струмица Жени вчера го загубија натпреварот со Јанта Волеј Кисела Вода на домашен терен со 1:3 во сетови, во меч од Втората фаза -1 од 5. коло од Првата женска одбојкарска лига.

Првиот сет заврши со 17:25 за гостите од Скопје, додека во вториот имаше поголема борба и истиот заврши со 24:26. Третиот сет го добија струмичките одбојкарки со 25:19, додека во четвртиот немаа сили и истиот го загубија со 17:25.

Струмица Жени сега е на четвртото место на табелата со 22 бодови, додека ЈВ Кисела Вода е на второто место на табелата со 28 бодови, два помалку од лидерот Вардар Жени.

Comments are closed.