Советот на Општина Струмица ќе заседава утре

Советот на општина Струмица на ден 24.02.2021 година (среда) во Домот на АРМ со почеток во 11,00 часот ќе ја одржи 44-та седница со следниот Д н е в е н р е д:

1. Известување за отсуство од три седници по ред на член на Советот на општина Струмица;

2. Предлог – Одлука за давање на трајно користење на објект – Училишна спортска сала со отстапување на опрема и инвентар на ООУ „Никола Вапцаров” – Струмица;

3. Предлог – Одлука за утврдување на приоритет и сопствено учество на Проект за изведба на две сервисни улици и изградба на фекални колектори во месноста Софилар- Струмица;

4. Предлог-Одлука за доделување парична помош на Сузана Таушанова од Струмица;

5. Предлог-Одлука за отуѓување на моторни возила;

6. Предлог – Одлука за донесување на Социјален план на Општина Струмица (2021-2024);

7. Предлог – Одлука за донесување на Детален урбанистички план за дел од блок 2 УЕ 1 во град Струмица (плански период 2019-2024);

8. Предлог – Одлука за донесување Урбанистички план вон населено место за КП1481, КП1480, дел од КП1483/1, КП1483/2, КП1483/4, КП1483/5, КП1483/6, КП1483/7, КП1483/13, КП1476/1 и КП1477 КО Градско Балдовци;

9. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за проширување на плански опфат за КП бр. 1213 КО Банско;

10. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за проширување на плански опфат за КП бр. 1577/1 и КП. бр. 1577/2 КО Добрејци;

11. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за проширување на плански опфат за КП бр. 1177 KO Просениково;

12. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за проширување на плански опфат за КП бр. 3537 KO Куклиш;

13. Предлог – Програма за дополнување на Програмата изработка на урбанистички планови на подрачјето на општина Струмица за 2021 година;

14. Измена и дополнување на Годишен план за вработување на ЈП „Струмица гас – Струмица” Струмица за 2021 година;

15. Барање согласност за обезбедени финасиски средства за пополнување на работни места согласно Измените и дополнувањата на Годишниот план за вработување на ЈП „Струмица-гас” Струмица за 2021 година;

16. Извештај за работата на ЈПКД „Комуналец“ Струмица за периодот I-XII месец 2020 година;

17. Ценовник за вршење на работи на ЈПКД “Комуналец” Струмица за 2021 година;18. Одлука на УО на ЈПКД „Комуналец“ Струмица за изгубени приходи поради одјава на фирми за месеците во април и мај 2020 година;

19. Одлука на УО на ЈПКД „Комуналец“ Струмица за изгубени приходи поради неработењето на пазарот во ТЦ ,,Глобал“ за месеците во април и мај 2020 година;

20. Одлука на УО на ЈПКД „Комуналец“ Струмица за изгубени приходи поради неработењето на пазарот „Чешел“ за месеците во април и мај 2020 година; и

21. Одлука на УО на ЈПКД „Комуналец“ Струмица за ослободување на коминтенти кои не функционирале во месеците април и мај 2020 година.

Comments are closed.