Планинарите од Струмица и Валандово вчера го започнаа традиционалниот планинарски марш во чест на трагично загинатиот претседател, Борис Трајковски.
Овој 16-ти марш започна од пред споменикот ,,Македонија” во големиот градски парк, подигнат во негова чест.

На 26 февруари се навршуваат 17 години од смртта на Борис Трајковски.
Планинари, нека ви е среќен патот.