Струмица доби Европска куќа, во зградата спроти малиот градски парк.

На свеченото отворање, на коешто присуствуваа претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев и амбасадорот на Европската Унија во Република Северна Македонија, Дејвид Гир, градоначалникот Коста Јаневски им го предаде клучот од Европската куќа на младите луѓе од Струмица.DSC_0728 DSC_0782 DSC_0806 DSC_0844 DSC_0865 DSC_0915
-Европска куќа ќе биде исклучително „жив“ простор во кој младите од општина Струмица, па и пошироко, ќе ги чуваат и негуваат европските вредности, преку разни форми на дружење, инфо-услуги, ЕУ-дискусии, реализација на проекти, промоции на ЕУ-настани, изложби, филмски, музички и мултимедијални настани, работилници и слично. Убеден сум дека оваа куќа ќе биде омилена дестинација за младите и дека сите настани кои ќе бидат реализирани ќе ги дадат посакуваните резултати, рече во своето обраќање, градоначалникот Јаневски.

Comments are closed.