Голема победа на Беласица среде Тетово над Ренова

„Новата“ Беласица на Ѓоре Јовановски се „распука“ во Тетово за голема победа над фаворитот Ренова од 2:4 во 19. коло од Првата македонска фудбалска лига.

Интересен и возбудлив дуел одиграа Ренова и Беласица на Градскиот стадион во Тетово. Струмичани први го отворија резултат во 42. минута од натпреварот со гол на Каланоски постигнат од пенал.

Ренова - Беласица, Тетово 2

Во вториот дел со два брзи гола Ренова го сврте резултат од 2:1, а стрелци беа Јусуфи во 59. минута и Стојчевски во 61. минута. Новото засилување на струмичани, Гуџуфи ја погоди мрежата на противникот во 81. минута за 2:2, а само пет минути подоцна Каланоски со нов гол повторно од пенал донесе водство од 2:3 за Беласица. Мотивот за победа во борбата за опстанок кај фудбалерите на Беласица беше голем и во судиското продолжение Каланоски постигна трет гол за конечни 2:4.

Беласица останува на дното на табелата со 12 бодови, додека Ренвоа сега е на десеттото место на табелата со 19 бодови, колку што има и Пелистер кој сега е на деветтото место.

Во следното коло Беласица на „Благој Истатов“ ја чека Струга Трим Лум, додека Ренова ќе гостува во Битола кај Пелистер.

Comments are closed.