КК Струмица на тешко гостување кај КК Ангели

Кошаркарите на Струмица денес гостуваат во Скопје кај лидерот КК Ангели во натпревар од 11. коло од Втората лига – Исток.

Тешко гостување на струмичките кошаркари против непоразениот лидер во Втората лига – Исток. КК Струмица со 13 бодови е на седмото место на табелата, додека Ангели со максимални 18 бодови е на првото место на табелата.

АРХИВА

АРХИВА

Прв судија ќе биде Мијалковски И. втор судија Јанков Р. и трет судија Митев С. За делегат е делегиран Цветковски В.

Натпреварот се игра во салата „Независна Македонија“ во Скопје со почеток од 18:00 часот.

Comments are closed.