Одбојкарките на Македонија Макс од Струмица запишаа голема победа во Штип против екипата на УГД Студент Жени во Штип со победа од 1:3 во сетови, во натпревар од 5. коло од Втората фаза -2 од Прва одбојкарската лига.
Првиот сет заврши со 19:25, додека вториот со 17:25. Домаќинот ја подобри својата игра и третиот сет го доби со 25:18. Во четвртиот сет струмичките одбојкарки прикажаа подобра игра и сетот го добија со 23:25.
Во однос на табелата, Македонија Макс со 10 бодови е на петтото место, додека УГД Студент Жени со два бода помалку е место подолу на табелата.