Струмица Жени на дерби против ЈВ Кисела Вода на домашен терен

Одбојкарките на Струмица Жени утре на домашен терен ќе ја пречекат екипата на Јанта Волеј Кисела Вода, во натпревар од 5. коло од Втората фаза -1 од Првата одбојкарска лига.

Дербито ќе биде многу важно и за двете екипи со цел да останат во чекор со лидерот Вардар Жени. Со евентуална победа Струмица Жени ќе се искачи на втората позиција на табелата, додека доколку гостинот победи во Струмица тогаш ќе биде на два бода негатива од Вардар Жени.

Струмица Жени - натпревар февруари 2021 - 1

Прв судија на дербито во Струмица ќе биде Зафиров Ѓоре, додека втор судија ќе биде Новачев Сашо. За делегат е делегиран Атанасов Трајче.

Натпреварот се игра во Спортската сала „Никола Вапцаров“ во Струмица со почеток од 18:00 часот.

Comments are closed.