Одбојкарките на Наковски Волеј со 0:3 во сетови загубија од лидерот Вардар Жени во првата одбојкарска женска лига.
Во првиот сет вардарки покажаа голема доминација и сетот го добија со 10:25, во вториот дел струмичките одбојкарки одиграа подобро, но сепак далеку од можност за изненадување и сетот го загубија со 16:25. Третиот сет заврши со 13:25.
Вардар Жени е лидер на табелата со 30 бодови, додека Наковски Волеј со 16 освоени бодови е на петтото место на табелата.
