Беласица против Ренова во Тетово ја отвара пролетта во Првата лига

Фудбалерите на Беласица денес на Градскиот стадион во Тетово ќе го одиграат првиот пролеттен натпревар од Првата македонска фудбалска лига против домаќинот Ренова.

Двете екипи имаат големи измени во состанови со цел остварување на своите цели. Беласица во пролетната полусезона влегува со цел за сигурен опстанок во елитата, додека Ренова се спреми за висок пласман и место во Европа.

Беласица - Ренова, 8. коло ПМФЛ

Во однос на меѓусебните дуели, двете екипи се имаат соочено осум пати. Пет дуели завршиле со победа за Беласица, Ренова само два пати славела против струмичкиот прволигаш, додека еден дуел кој беше одигран на 3 октоври минатата година заврши без победник со по еден гол.

Натпреварот ќе стартува во 14:00 часот и ќе може да се следи на ТВ ФФМ.

Comments are closed.