Очекувано Џио Струмица го „збриша“ ГОК Борец

Одбојкарите на Џио Струмица денес гостуваа во Велес каде во рамки на 4. коло од Втората фаза -1 од Првата одбојкарска лига со убедлива игра и 0:3 во сетови го збришаа ГОК Борец.

Борец - Џио Струмица, во Велес 3

Првиот сет заврши со 16:25, додека во вториот сет Џио Струмица буквално го „решеташе“ противникот и истиот го доби со 8:25. Во третиот сет струмичани одиграа повторно убедливо и сетот го добија со 14:25.

Џио Струмица со 39 бодови е лидер на табелата, додека „ГОК Борец“ со 18 освоени бодови е на последното четврто место.

 

Comments are closed.