Хоризонт Турново со минимален пораз на контролниот натпревар со Осогово

Денес во Дојран се одигра контролен натпревар меѓу Хоризонт Турново и Осогово кој заврши со минимална победа од 0:1 за второлигашот од Кочани.

Иако „турновци“ загубија сепак одиграа одличен натпревар и парираа на кочанскиот второлигаш во текот на целиот натпревар. Стрелец на единствениот погодок беше Стојанче Велинов.

Хоризонт Турново - Карбинци, 4.коло ТМФЛ Исток

Хоризонт Турново во пролетната полусезона од Третата лига – Исток ќе води борба за враќање во второлигашкото друштво, додека Осогов во пролетниот дел од Втората лига – Исток ќе се бори за висок пласман на табелата.

Comments are closed.