Плоштадот „Гоце Делчев“ во Струмица од денеска повторно го краси ѕвездата на нашата фудбалска легенда Горан Пандев.
На местото каде што беше украдена во ноември 2018 година, е поставена нова ѕвезда на мермерна плоча.
Ѕвездата на Пандев беше поставена во 2010 година како симбол на освоената титула Европски и Светски шампион со италијанскиот гигант „Интер“, година во која е реконструиран и струмичкиот плоштад.