Одбојкарките на Струмица Жени одиграа одличен натпревар и со убедливи 3:0 во сетови против Јанта Волеј Форца обезбедија полуфинале од Купот.
Првиот сет струмичанки го добија со убедливи 25:12, вториот заврши со 25:17, а не беше ништо поразлично ниту во третиот сет кој заврши со 25:19 за Струмица Жени.
Првиот натпревар заврши со 1:3 во сетови за Струмица Жени.
