Наковски Волеј утре на реванш против ЈВ Кисела Вода во четвртфиналето од Купот

Одбојкарките на Наковски Волеј утре го играат вториот натпревар од четвртфиналето од Купот против екипата на Јанта Волеј Кисела Вода.

Првиот натпревар Наковски Волеј го доби со убедливи 3:0 во сетови и на реванш во Скопје ќе важи за фаворит за нова победа.

АРХИВА

АРХИВА

Прв судија на натпреварот ќе биде Христов Јосип, додека за втор судија е делегиран Ристовски Влатко. Делегат на натпреварот ќе биде Никчевиќ Сања.

Натпреварот се игра во Спортската сала на ОУ „Невена Г. Дуња“ во Скопје со почеток од 20:00 часот без присуство на публика, согласно мерките и препораките за заштита од Ковид-19.

Comments are closed.