Џио Струмица денес го игра вториот натпревар од 1/4 финалето од Купот на Одбојкарската федерација на Македонија против екипата на Лирија.
Првиот натпревар Џио го доби со тотална доминација и убедливи 3:0 во сетови. На денешниот натпревар струмичките одбојкари ќе важат за апсолутни фаворити и пласман во следната фаза од Купот.
Прв судија на натпреварот ќе биде Трајков Иван, додека втор судија ќе биде Ричлиев Филип. За деегат на натпреварот е делегиран Атанасов Трајче.
Натпреварот се игра во Спортската сала „Парк“ во Струмица со почеток од 17:00 часот без присуство на публика, согласно мерките и протоколите за заштита од Ковид-19.