Џио Струмица со убедлива против Вардар

Одбојкарите на Џио Струмица со убедлива игра и 0:3 во сетови го „збришаа“ Вардар во 3. колото од Втора фаза-1 среде Скопје.

Одлична и убедлива игра на струмичките одбојкари во сите три сетови. Првиот сет заврши со 21:25, вториот со 16:25, а третиот струмичани го добија со 15:25.

Вардар - Џио Струмица - 2021 - 2

Во однос на табелата, Џио Струмица е единствена непоразена екипа и со 36 бодови е лидер на табелата, додека Вардар после денешниот пораз се сели на третото место на табелата со 27 бодови, колку што има и второпласираниот Универзитет во Тетово.

Comments are closed.