Струмица Жени со моќна игра среде Скопје го совлада непоразениот лидер Вардар Жени

Одбојкарките на Струмица Жени го одиграа можеби натпреварот на сезоната, откако со 1:3 славеа победа над непоразениот лидер Вардар Жени среде Скопје.

Првиот сет го доби струмичкиот тим со 22:25, додека во вториот лидерот со 25:19 беше подобар. Во третиот сет кој беше клучен, струмичките одбојкарки покажаа моќ и одлична игра и со 21:25 го добија сетот. Во четвртиот сет Струмижа Жени беше далеку подобар противник и со 18:25 го доби сетот.

Струмица Жени - екипа 2021 - Вардар Жени (во Скопје)

Струмица Жени сега е на третото место на табелата со 22 бодови, додека Вардар Жени е лидер на табелата со 27 освоени бодови.

Comments are closed.