Општина Струмица и ЈПКД „Комуналец“ се подготвени и организирани за интервенција по врнежите од снег со цел да обезбедиме непречено одвивање на сообраќајот во градот и кон населените места.
Зимската служба на „Комуналец“ денеска интервенираше со фрлање сол на критичните локални патишта кон неколку населени места, а вечерва се фрла сол на улиците во градот. Доколку врнежите од снег се интензивираат, ќе се интервенира и со механизација.

Општина Струмица апелира до граѓаните за внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на улиците и патиштата.