Ќе се реконструира опожарениот Дом на културата во Куклиш и за Домот во Вељуса

Општина Струмица ја подготви комплетната техничка документација за целосна реконструкција на опожарениот Дом на културата во Куклиш и за Домот во Вељуса и издадено е одобрение за градба на истите.
Според проектната програма во објектите се предвидени следните содржини:150134481_3621114204608650_5116216799895693118_o
✅Сала за приредби и претстави со сцена и гардероби за изведувачи
✅Влезен ходник со пристапни скали
✅Библиотека со читална
✅Две простории за културно уметнички друштва
✅Две канцеларии за вработените
✅Клуб на пензионери
✅Канцеларија на Месната заедница
✅Кафетерија
✅Санитарни простории
✅Просторија за сместување на термотехнички инсталации

Comments are closed.