Одбојкарите на Џио Струмица во понеделник ќе играат дерби против Вардар во рамки на 3. коло од Втора фаза – 1.
Струмичките одбојкари се лидери на табелата со 33 освоени бодови и засега единствена непоразена екипа во најсилното одбојкарско натпреварување во нашата држава. Екипата на Вардар со 27 освоени бодови е на второто место на табелата. Токму тоа и го прави натпреварот во понеделник големо и неизвесно дерби.
Натпреварот ќе се игра во СРЦ „Кале“ во Скопје со почеток од 18:00 часот.