ВИДЕО: Академија Пандев со минимален пораз од Работнички

Академија Пандев денес со минимален пораз (0:1) од Работнички ја стартуваше пролетната полусезона од Првата македонска фудбалска лига. Двете екипи беа предводени од новите тренер. Александар Васоски со пораз стартуваше во Академија Пандев, додека Александар Влахо со победа кај „романтичарите“.

Академија Пандев - Работнички 19. коло ПМФЛ - 1

Се играше претпазли и од двете екипи најчесто на средината од теренот со цел да се прилагодат кон снежните услови. Стрелец на единствениот гол беше Кристијан Стојкоски кој по катастрофалната грешка на голманот на „пандевци“ Марко Јовановски од далечина ја смести топката во противничката мрежа за минимална но голема победа. Видеото од единствениот погодок на натпреварот, можете да го погледнете ОВДЕ.

Comments are closed.