Пролетната полусезона од Првата македонска фудбалска лига стартува утре со мечот меѓу Академија Пандев и Работнички кој ќе се игра на СЦ „Пандев“. Главен судија на мечот во Струмица ќе биде Иванов Игор од Велес, а негови помошници ќе бидат Василевски Даниел од Скопје и Маркоски Слаѓан од Гостивар.
За четврт судија е делегиран Младеновски Дејан од Скопје, делегат на натпреварот ќе биде Маџунаров Мијалче од Штип, додека контролор Коцев Ванчо од Штип.
Натпреварот стартува во 14:00 часот и ќе може да се сели на МРТ 1 и МРТ 3.