ОФИЦИЈАЛНО: Гуџифи, Трајановски, Јаќимовски за посилна Беласица
Бесар Гуџуфи и Дамјам Трајановски ни доаѓаат од ФК Вардар, додека Борис Јаќимовски од ФК Кадино.
Беласица пролетната полусезона во Првата македонска фудбалска лига ја отвара во Тетово против Ренова, во која ќе има за цел опстанок во елитата.
Младите македонски фудбалски бисери во последниот ден од трансфер периодот потпишаа за струмичка Беласица.