Наковски Волеј по убедлива победа над ЈВ Кисела Вода е на чекор од полуфинале од Купот

Одбојкарките на Наковски Волеј запишаа убедлива победа на првиот натпревар од четртфиналето од одбојарскиот Куп, откако со 3:0 во сетови беа далеку подобри од Јанта Волеј Кисела Вода.

АРХИВА

АРХИВА

Струмичките одбојкарки првиот сет го добија со 25:23, вториот со 25:19, додека третиот во третиот сет беа далеку подобри и истиот го добија со 25:16.

Реваншот се игра во Скопје, а на Наковски Волеј ќе му биде доволен само еден сет за да се пласира во полуфиналето.

Comments are closed.