Струмица Жени славеше против Јанта Волеј Форца во четвртфиналето од Купот

Одбојкарките на Струмица Жени со 1:3 во сетови беа подобри од Јанта Волеј Форца во првиот натпревар од четвртфиналето од одбојарскиот Куп.

Струмица Жени - екипа 2021 - 1

Струмица Жени е на чекор од полуфинале, со оглед на фактот што реваншот го играат на домашен терен во Струмица.

Првиот сет струмичанки го добија со 18:25, а во вториот славеа со убедливи 9:25. Во третиот сет домаќинот пружи голем отпор и одигра одличен сет и истиот го доби со 26:24. Во четвртиот сет натпреварот беше решен, откако струмичкиот тим со 13:25 го доби.

 

Comments are closed.