Беласица пролетната полусезона во Првата лига ја отвара во Тетово против Ренова

Викендот стартува пролетната полусезона од Првата македонска фудбалска лига. 19.коло ќе биде отворено во сабота со дуелот меѓу Академија Пандев и Работнички кој ќе се игра на СЦ „Пандев“ во Струмица.

Беласица во недела ќе гостува во Тетово, каде ќе се соочи со Ренова. Струмичкиот прволигаш есенската полусезона ја заврши на последното место на табелата со само девет освоени бодови, па во пролетната полусезона влегува со единствена цел – опстанок во најсилното фудбалско натпреварување во нашата држава.

Беласица - Ренова, 8. коло ПМФЛ

Беасица за таа цел ангажираше неколку квалитетни засилувања и заедно со новиот тренер Ѓоре Јовановски ги чека тешка борба оваа пролет.

Натпреварот се игра на Градскиот стадион во Тетово со почеток од 14:00 часот, и истиот ќе биде одигран без присуство на публика, согласно мерките и препораките за заштита од Кoвид-19.

 

Comments are closed.