Во сабота стартува пролетниот дел од Првата македонска фудбалска лига со натпреварот меѓу Академија Пандев и Работнички.
„Пандевци“ ќе важат за благи фаворити на СЦ „Пандев“ предводени од новиот тренер Александар Васоски. „Романтичарите“ во Струмица исто така доаѓаат предводени од новиот тренер Александар Влахо. Двете екипи имаат ангажирано неколку нови квалитетни засилувања за пролетните предизвици од ПМФЛ, па во сабота ќе гледаме голем дуел кој ќе се пренесува и на МРТ.
Натпреварот ќе започне во 14:00 часот и ќе се одигра без присуство на публика согласно мерките и препораките за заштита од Ковид-19.