Одбојкарите на Џио Струмица вчера со убедливи 0:3 во сетови ја декласираа Лирија во првиот натпревар од четвртфиналето од Купот на Одбојкарската федерација на Македонија.
Првиот сет струмичките одбојкари го добија со 16:25, додека во вториот со убедливи 14:25. Третиот сет заврши исто така со убедливи 17:25 за Џио.
На овој натпревар настапија сите играчи во Џио Струмица.