Започна реконструкијата на поројот „Крушевска Република“

Денеска официјално започна првата фаза од реконструкцијата и уредувањето на поројот за атмосферски води „Крушевска Република“. Градоначалникот Коста Јаневски со своите соработници изврши увид во стартот на градежните активности коишто ќе се реализираат на делницата од улицата „Брегалница“ до улицата „Маршал Тито“ во должина од три километри.

 

-Проектот подразбира реконструкција на истрошените делови, промена на самиот пресек на поројот, проширување на двете паралелни сообраќајници и покривање на истиот, хортикултурно уредување, осветлување и мислам дека овој комплексен проект значително ќе го промени изгледот на овој дел од градот и општо на целата Општина. Мислам дека значително ќе се подобри функционалноста и урбаниот и естетски изглед на овој каналот и сигурно ќе претставува еден украс на нашиот град, а воедно ќе биде и заштитен од оние несакани појави, како што се загадување и фрлање отпадоци во него, мислам дека ова ќе биде проект со којшто ќе се гордееме во иднина. Изведувач е фирмата „Жикол“ којашто на отворено јавно наддавање го доби овој проект, рокот за изведување на овој сегмент е осум месеци, а имам уверување од изведувачот дека возможно е со поголема динамика тоа да биде и побрзо, што пак е посакувано за сите нас. Покривањето на поројот е еден предизвик или проблем којшто го размислувавме долго и консултиравме хидроинженери и градежни инженери и мислам дека се направени решенија коишто ќе овозможуваат ефикасно одржување на каналот и не постои опасност дека со тоа ќе се наруши функционалноста, напротив, мислам дека ќе биде подобра, има одредени инженерски решенија коишто го заштитуваат од можни несакани појави коишто и порано луѓето ги наметнуваа како еден ризик од оваа интервенција, меѓутоа тоа е согледувано и анализирано и верувам дека инженерите дадоа добри решенија, рече градоначалникот Јаневски.1 2 3 4 5 6 7 8

Comments are closed.