Хоризонт Турново загуби на контролниот натпревар од Кожуф
Хоризонт Турново денес одира контролен натпревар со Кожуф од Гевгелија, кој го загуби со 2:1.
Второлигашот прв го отвори резултатот на натпреварот, а на полувреме се замина со 1:0. Во вториот дел турновци започнаа да играт подобро и преку Дарко Петров дојдоа до 1:1. Сепак Кожуф со нов гол го врати водството и ги постави конечите 2:1.
Третолигашот иако загуби на тестот, одигра одличен натпревар, особено во вториот дел од истиот.
Во сабота Турново ќе одигра контролен натпревар со радовишка Плачковица.
