Одбојкарите на Џио Струмица денес ќе го одиграат првиот натпревар од 1/4 финалето од Купот на Одбојкарската федерација на Македонија против екипата на Лирија од с. Жеровјане.
Натпреварот ќе се одигра во салата на ОУ „Гоце Делчев“ во Тетово со почеток од 19:30 часот.
За сите љубители на одбојката и фанови на Џио Струмица, натпреварот ќе може да се следи во ЖИВО на официјалната фејсбук страница на Џио Струмица.